Почетна » Новости » Чуден свет » Видео кое ја потресе Турција: Мајка безмилосно ја тепа 2-годишната ќеркичка

Видео кое ја потресе Турција: Мајка безмилосно ја тепа 2-годишната ќеркичка

Видео снимка од мајка која безмилосно ја тепа малата ќеркичка ја потресе турската јавност.

Во видеото, јасно се гледа како 27-годишната Турчинка се изживува врз 2-годишното девојче.

Имено, таткото се посомневал за насилството на сопругата, откако неколкупати забележал модринки на телото на ќерка си, па решил да постави камера на која улови неколку шокантни моменти.

Во еден момент, мајката го тепа девојчето кое лежи на подот, а откако ќе стане и повторно ќе се доближи до неа, тоа повторно добива ќотек. Потоа, безмилосната жена ја крева ќерка си и ја фрла на каучот.

Таткото го пријавил случајот во полиција и против мајката е покрената судска постапка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9467 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.