Почетна » Новости » Животни стории » Вознемирувачко видео: Безмилосна дадилка тепа мало бебе во Скопје

Вознемирувачко видео: Безмилосна дадилка тепа мало бебе во Скопје

Јавноста ја потресе веста за безмилосна дадилка која малтретирала беспомошно бебенце во Скопје, а сега тетката на малиот Даријан објави видео кое ќе го наежи секој родител.

Пријатели... Со голема болка и уште поголем гнев го постирам ова видео...Сакам сите да видите што држи земјава.... Тоа кутро малечко бебе за кое се зборуваше во вестите,а ќе го видите во видеово е мојот внук Даријан... Оваа жена -монструм "се грижеше" за Даријан 5 месеци,а ова видео е од само еден ден...Камерата ја постави брат ми,со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата! Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата... На ова никој нема да остане рамнодушен! Овој монструм од жена е таму каде што припаѓа и се чека голема затворска казна!!! Фала му на Бога Даријан е добар... Помина премногу испитувања и има траума која се надевам нема да му остане во сеќавање... Фала на Бога исто така што останавме присебни и не ја земавме работата во свои раце како што би направил секој,туку верувавме во државните органи. Ова е монструмски чин и срам што сме го гледале по you tube,но еве го споделувам за да знаете сите дека го има и кај нас!Не му посакувам на никој вакво нешто да искуси! Чувајте ги и сакајте си ги вашите дечиња...И за да не се повтори ова внимавајте на кого ги доверувате вашите деца! СПОДЕЛУВАЈТЕ!

Posted by Olja Kara on Wednesday, September 9, 2015

Оља Кара, тетката на малото бебе, го сподели видеото на Facebook со следната порака:

Пријатели...

Со голема болка и уште поголем гнев го постирам ова видео... Сакам сите да видите што држи земјава....

Тоа кутро малечко бебе за кое се зборуваше во вестите, а ќе го видите во видеово е мојот внук Даријан...

Оваа жена -монструм "се грижеше" за Даријан 5 месеци, а ова видео е од само еден ден... Камерата ја постави брат ми, со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата!

Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата...

На ова никој нема да остане рамнодушен!

Овој монструм од жена е таму каде што припаѓа и се чека голема затворска казна!!!

Фала му на Бога Даријан е добар...

Помина премногу испитувања и има траума која се надевам нема да му остане во сеќавање...

Фала на Бога исто така што останавме присебни и не ја земавме работата во свои раце како што би направил секој, туку верувавме во државните органи.

Ова е монструмски чин и срам што сме го гледале по you tube, но еве го споделувам за да знаете сите дека го има и кај нас! Не му посакувам на никој вакво нешто да искуси!

Чувајте ги и сакајте си ги вашите дечиња... И за да не се повтори ова внимавајте на кого ги доверувате вашите деца!

СПОДЕЛУВАЈТЕ!

Веќе е поведена постапка против жената која физички го малтретирала деветмесечното бебе. „По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи – Скопје, во Основното јавно обвинителство – Скопје поведена е постапка против едно лице кое се сомничи дека малтретирало деветмесечно дете. Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.

По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано сомнение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години. При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото“ – се вели во соопштението на Јавното обвинителство на РМ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.