Почетна » Новости » Музика » Магијата на старото Скопје во новиот спот на Дани

Магијата на старото Скопје во новиот спот на Дани

Дани ќе разбуди носталгија кај скопјани. Македонската пејачка го објави спотот за „Нема две“, а видеото ја прикажува магијата на градот во минатото.

За музичкиот спот се користени сцени од првиот колор филм за Скопје, „Градот На Вардар”, снимен во 1962 година во режија на големиот македонски филмски уметник Бранко Гапо.

„За што пеам? - За едни подзаборавени суштински вредности. За љубовта, за луѓето, за градот, за срцето. За нас. За еднина. За целина. – Скопјево, ова моево, љубов ми е. Прва“ - вели Дани.

Песната е дело на Весна Малинова Бабамова (музика и текст) и Кирил Бабамов (аранжман и продуцент), а е снимена во XL Студио/Дејан Момировски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.