Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Џенифер Лопез прави свадба со неколку различни мажи во спотот за „Can’t Get Enough“

ВИДЕО: Џенифер Лопез прави свадба со неколку различни мажи во спотот за „Can’t Get Enough“

Џенифер Лопез го објави спотот за новата песна „Can’t Get Enough“.

Во видеозаписот, 54-годишната пејачка прави свадба со неколку различни мажи, а секој од тие бракови завршува несреќно.

Преку оваа песна, Лопез се навраќа на своето минато и на своите три неуспешни брака, а со останатите песни од албумот ќе ни покаже дека вистинската љубов навистина постои.

„Сите вие кои го следите моето патување, сметам дека ме знаете. Она што сакам да ви го кажам на сите со албумот... е дека вистинската љубов всушност постои“ – им вели Лопез на своите фанови.

Лопез носи и две различни венчаници во спотот.

„Can’t Get Enough“ e прва песна од нејзиниот нов албум „This Is Me… Now“, кој е продолжение на нејзиниот албум „This Is Me... Then“ од пред 20 години, кога за првпат беше во љубовна врска со Бен Афлек.

Лопез Лопез Лопез Лопез Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11482 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.