Мартинијан Кириловски го објави спотот за „Без да кажеш збор“.
Откако за првпат ја отпеа песната пред публиката на „Макфест 2025“, 29-годишниот музичар на YouTube го сподели видеозаписот за истата. Музиката, текстот и аранжманот на „Без да кажеш збор“ се дело на Илија Ќосевски, а за спотот бил задолжен Томислав Живковиќ.
„Секое срце го чувствува ритамот на „БЕЗ ДА КАЖЕШ ЗБОР“! Благодарен за секој аплауз, секоја насмевка и секој миг на сцената.Макфест, место каде што музиката живее!Оваа година посебно, 40 години Макфест!“
„Чест и радост е да се биде дел од фестивал кој толку долго ја слави македонската песна и ги спојува сите што ја носат музиката во срце“ – напиша Кириловски на Instagram по настапот на втората вечер од „Макфест 2025“.
