Џулија Робертс и Аманда Сејфрид од Венеција ни испраќаат лекција за одржлива мода. Двете актерки се појавија на Филмскиот фестивал во идентична комбинација.
Робертс ја имаше честа да ја износи модната комбинација составена од првите парчиња дизајнирани од новиот креативен директор на Версаче, Дарио Витале. Станува збор за тегет сако, предимензионирана кошула со риги и темни фармерки со рамни ногавици кои актерката со насмевка од милион долари ги носеше на настан за филмот „After The Hunt”.


Сејфрид воодушевена од модниот избор на нејзината повозрасна колешка, на Инстаграм објавата на нивната заедничка стилистка Елизабет Стјуарт искоментира: „Ве молам дозволете ми да го носам истиот аутфит“. И нејзината желба беше остварена.
48 часа подоцна таа зачекори на прес-настан за филмот „The Testament Of Ann Lee” во иста облека.


Потенцирајќи ја поддршката на актерките на идејата за одржлива мода, стилистката напиша: „Благодарам Џулија Робертс за твојата дарежливост и одржливост! Споделувањето значи грижа“.


