Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Топ 10 летни бјути трендови од Elle

ФОТО: Топ 10 летни бјути трендови од Elle

Летото веќе е на прагот, а топлото време отвора простор за нови трендови. Списанието Elle направи листа на најинтересните трендови кај шминката и косата кои се прифатени од холивудските ѕвезди.

Неуредни брановидни прамениУсни како лубеницаКоса до вратотБордо усни„Богата“ боја на косаБронзени акцентиЦрвени прамениВиолетови очни капациБујни прави шишкиОчи во боја на смарагд

Неуредни брановидни прамени

Ваквата фризура изгледа секси, а освен тоа е едноставна за правење и лесна за одржување. Ова е идеален изглед за на плажа.

Усни како лубеница

Неонските усни се апсолутен хит. Нема да погрешите ако ги истакнете усните со мат кармин во боја на лубеница.

Коса до вратот

„Боб“ фризурата ќе ви помогне и да изгледате тренди и полесно да се справите со летните горештини.

Бордо усни

Темноцрвените усни кои потсетуваат на црн бургундец се еден од најпопуларните трендови оваа сезона, а воедно изгледаат и неодоливо секси.

„Богата“ боја на коса

Неодамна „богатата“ боја на косата на Ева Лонгорија се најде на списокот на највлијателните фризури на сите времиња. Копирајте ја нејзината нијанса и нема да зажалите.

Бронзени акценти

Истакнете ги вашите јаболкници со бронзено руменило, а надополнете ја шминката и со земјени нијанси на сенки за очи.

Црвени прамени

Дру Баримор, Скарлет Јохансон, Блејк Лајвли и Ријана се само неколку од славните ѕвезди кои решија да нè изненадат со црвена коса. Летото е идеален период за експериментирање со нијансите, па нема причина зошто да не пробате како ќе се вклопи овој тренд во вашиот имиџ.

Виолетови очни капаци

Виолетовата шминка продолжува да освојува и во текот на летните месеци. Добрата вест е што виолетовите сенки одлично си одговараат и со кафеави и со сини и со зелени очи.

Бујни прави шишки

Навистина е досадно со текот на топлите денови да треба да одржувате прави шишки кои дополнително ќе ви создаваат жештина на челото, но ако сакате да бидете во тренд, ќе мора да трпите. Сепак, најдобро е во текот на денот да ги фаќате со шнола, а да ги пуштате само за време на свежите летни вечери.

Очи во боја на смарагд

Зелените сенки делуваат свежо и весело. Поиграјте си со посветли и потемни нијанси за да добиете максимален ефект.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.