Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Последната колекција на Ејми Вајнхаус

ФОТО: Последната колекција на Ејми Вајнхаус

Ејми Вајнхаус имаше уникатен стил на облекување кој го споделуваше преку своите колекции за брендот Фред Пери. По нејзината ненадејна смрт, модниот бренд реши да ја објави и нејзината последна недовршена колекција.

Колекцијата е составена од кратки сукњи и фустани и интересни блузи инспирирани од стилот во 50-тите години. Црно-белата колекција вклучува и мали лакирани чанти, колани и ракавици.

„По долго размислување и со благослов на семејството на Ејми, решивме да ја објавиме колекцијата на Ејми Вајнхаус за Фред Пери за сезоната есен/зима 2011. Ејми покажа страст и посветеност кон оваа соработка и нејзиниот препознатлив стил е запечатен во секое парче од колекцијата“ – пишува во соопштение од компанијата.

„Кога Фред Пери ни се обрати за да нè праша што сакаме да правиме со новата колекција, беше природно да продолжиме. На Ејми многу ѝ се допаѓаше работењето на двете колекции и би сакала да се достапни“ – изјавил таткото на 27-годишната пејачка.

Заработката од колекцијата, заедно со донација од Фред Пери, ќе биде донирана во Фондацијата Ејми Вајнхаус, која ќе биде создадена за да им помага на луѓето во име на прерано починатата пејачка.

Колекција на Ејми Вајнхаус Колекција на Ејми Вајнхаус

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.