Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Модата на отворањето на Канскиот филмски фестивал

ФОТО: Модата на отворањето на Канскиот филмски фестивал

Филмските ѕвезди го напуштаат Холивуд и од 11 до 22 мај се селат во францускиот град Кан за да бидат дел од добро познатиот Кански филмски фестивал.

Филмски премиери, борбата за Златната палма, славни талентирани гости, стил, елеганција и по некоја модна грешка... сето тоа го прави овој фестивал еден од најпрестижните настани во филмската индустрија.

Фестивалот започна вчера со прикажувањето на романтичната комедија „Midnight in Paris“, чиј режисер е Вуди Ален. Но, она што ги привлече објективите на новинарите беше појавувањето на некои од најугледните ѕвезди на Холивуд.

Ума Турман и Џад Лоу стапнаа на црвениот тепих како дел од овогодишното меѓународно жири, предводено од Роберт Де Ниро.

Роберт Де Ниро, Ума Турман, Џад ЛоуРоберт Де Ниро, Ума Турман, Џад Лоу
Џад Лоу, Ума Турман, Роберт Де Ниро Ума Турман

41-годишната висока убавица пристигна во бел фустан со долги ракави на Dolce & Gabbana, а потоа за нејзиното појавување на црвениот тепих таа избра прекрасна тоалета на Versace.

Ума ТурманУма Турман во Versace Ума ТурманУма Турман во Versace

Селма Хајек и Антонио Бандерас на фестивалот го промовираат својот најнов филм „Puss in Boots“. 44-годишната актерка пристигна во креација на Gucci, а подоцна се преслече во долга тоалета од колекцијата Gucci Couture.

Селма ХајекСелма Хајек во Gucci Селма ХајекСелма Хајек во Gucci Couture

Антонио на црвениот килим дојде држејќи се за рака со неговата сопруга Мелани Грифит, со која слават 15 години брак.

Антонио Бандерас и Мелани ГрифитАнтонио Бандерас и Мелани Грифит Антонио Бандерас и Мелани ГрифитАнтонио Бандерас и Мелани Грифит

Рејчел МекАдамс, која заедно со Карла Бруни и Овен Вилсон учествува во „Midnight in Paris“, се појави во бел фустан на Maxime Simoens Couture, а за вечерната церемонија се преслече во долга тоалета на Marchesa. Бидејќи здолништето ѝ беше долго повеќе од 1 метар, таа постојано добиваше помош од својот партнер, Мајкл Шин, со кого за прв пат се појавуваат заедно.

Рејчел МекАдамсРејчел МекАдамс во Maxime Simoens Couture Рејчел МекАдамс и Мајкл ШинРејчел МекАдамс и Мајкл Шин

На црвениот тепих се појавија и убавицата од Боливуд, Аишварија Раи, облечена во асиметрична тоалета на Elie Saab и манекенката Каролина Куркова, облечена во тоалета од колекцијата Armani Privé.

Аишварија РаиАишварија Раи Каролина КурковаКаролина Куркова

На фестивалот ќе се појави и Анџелина Џоли, а се очекува нејзе да ѝ се придружи и Бред Пит.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.