Wow! Не изминаа ни два месеци од нејзиното породување, а Миранда Кер се врати на модната писта.
Без да има ниту еден килограм вишок, 27-годишната манекенка зачекори на ревијата на Баленсијага, а нејзиниот сопруг Орландо Блум ѝ ја искажа својата поддршка од првиот ред во публиката.
Миранда Кер на Париската модна недела
Седејќи до уредничката на американскиот Вог, Ана Винтор, Орландо гордо ја гледаше мајката на неговото прво дете.
Орландо Блум и Ана Винтор
Миранда, Орландо, малиот Флин и мајката на Орландо долетале во Париз вчера и веднаш се појавија гласини дека супермоделот ќе го има својот прв настап по породувањето.
Најверојатно Кер решила да не пропушти ниту една ревија на Баленсијага. Во септември таа продефилира на шоуто на овој бренд иако беше во 5-тиот месец од бременоста.
Миранда Кер во 5-тиот месец од бременоста на ревијата на Баленсијага во септември, 2010


