Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Лобутин создаде чевли со екстремна штикла од 20 сантиметри

ФОТО: Лобутин создаде чевли со екстремна штикла од 20 сантиметри

Кога ги гледаат колекциите на Лобутин, многу жени си велат: „WOW, тоа е високо, нема шанси да го ставам на нога“. Малку од нас веруваа дека Лобутин може да оди уште повисоко. Но, и тоа се случи.

Кристијан Лобутин создаде чевли во кои може да влезе единствено нога на балерина. Со штикла висока 20 сантиметри, бежовите чевли ќе направат да почувствувате болка само што ќе ги видите, а не да ги обуете.

Обувки од Кристијан ЛобутинОбувки од Кристијан Лобутин со штикла висока 20 сантиметри

Славниот дизајнер ги изработил за аукција наменета за собирање на средства за финансирање на Англискиот национален балет.

Балерина ги пробува високите штикли Обувки од Кристијан Лобутин

„Не можев да не бидам инспириран од Англискиот национален балет... На крајот на краиштата, не е ли класичната балетска обувка ултимативната штикла? Штиклата која ги носи танчарите поблиску од секоја друга жена до небото, поблиску до рајот“ – изјавил брилијантниот Лобутин.

Овие обувки, како и други модни креации, вчера биле ставени на јавна аукција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10617 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.