Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кристијан Лобутин и „Убиствени штикли“

ФОТО: Кристијан Лобутин и „Убиствени штикли“

Кристијан Лобутин сними интересна фотосесија за „Paris is Dead“, магазинот кој го следи пулсот на градот на светлината и љубовта. Како роден парижанец, популарниот дизајнер го привлече вниманието на уредниците и застана пред објективот на Рене Хамбермахер во улогата на д-р Лобутин.

Облечен во бел мантил, Лобутин покажува неколку од своите модни дела. Фотосесијата „Убиствени штикли“ делува малку морничаво, бидејќи покажува повредени и мртви „жртви на модата“.

Кристијан Лобутин Кристијан Лобутин Кристијан Лобутин Кристијан Лобутин Кристијан Лобутин

Во интервјуто за списанието, славниот Французин признал дека се чувствува како вистински парижанец. „Илјада проценти парижанец. Каде и да одам, го гледам Париз како Гриничкиот меридијан, тој е стандардот“ – рекол тој.

„Вистина е дека многу градови се интернационални, но Париз не е интернационален град и затоа го сакам. Ме ужаснуваат градови кои луѓето ги нарекуваат интернационални, бидејќи тоа често значи дека им недостига идентитет... Тоа е како оние ресторани кои служат фузирана храна. Париз не е фузирана храна, тој е Париз“ – коментирал талентираниот дизајнер.

Кристијан Лобутин Кристијан Лобутин Кристијан Лобутин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.