Кети Пери изгледа нереално убаво на фотографиите за рекламната кампања за брендот ghd. 26-годишната пејачка позираше пред објективот на популарниот Дејвид Лашапел за да ја промовира новата лимитирана колекција на британскиот бренд за продукти за коса.
Кети Пери во колоритен стил инспириран од 80-тите
На фотографиите Кети е покажана во три различни стила од три различни ери: од 50-тите, 70-тите и 80-тите години на минатиот век. И соодветно, нејзината коса е прилагодена на секој од тие стилови.
Гламурозната Кети Пери во стилот на 50-тите
„Кети е симбол на современата мода и стајлинг. Дрска, со стил и секси, Кети е совршениот партнер на ghd“ – со овие зборови Пол Стоунхем објаснил зошто се одлучиле да соработуваат со популарната пејачка.
Кети Пери во хипи стил
И Кети не го сокри своето воодушевување од соработката: „Многу сум возбудена што ќе работам со ghd, особено што ќе ги користам нивните продукти на мојата турнеја California Dreams“.
