Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кели Брук во костими за капење од нејзината нова колекција

ФОТО: Кели Брук во костими за капење од нејзината нова колекција

Кели Брук никогаш не се срамела да го покаже своето тело, појавувајќи се во списанијата по долна облека, костими за капење или целосно гола.

31-годишната убавица редовно ги плени мажите, но со својата нова колекција костими за капење сигурно ќе ги задржи и женските погледи.

Неодамна таа позираше во Лос Анџелес за да ја презентира на најдобар начин својата колекција.

Интересните модели стојат прекрасно на убавото тело на Брук, а тоа особено важи за првата црно-бела комбинација која сигурно е инспирирана од стариот холивудски гламур.

Кели Брук Кели Брук
Кели Брук Кели Брук
Кели Брук Кели Брук

Кели изјави дека нејзиниот изглед е резултат на многу труд. „Ги сакам моите облини, но ако некој види што сè јадам на еден оброк, ќе знае дека треба да вежбам многу напорно за да ја зачувам својата линија“ – признала таа и дополнила дека како што поминуваат годините, нејзината самодоверба се намалува.

„Не сум толку самоуверена кога станува збор за моето тело како што си мислат луѓето. И како што поминуваат годините, станувам сè помалку и помалку самоуверена“ – изјавила Кели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.