Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Викторија Бекам ја покажа својата нова колекција во Њујорк

ФОТО: Викторија Бекам ја покажа својата нова колекција во Њујорк

Модната треска го зафати Њујорк и моментално сите погледи на модните експерти се насочени токму кон њујоршките писти. Модната недела која започна на 8 септември сè уште привлекува внимание, иако во меѓувреме САД одбележа и 10 години од терористичкиот напад на Њујорк.

На Викторија Бекам ѝ припадна тешката задача да го задржи вниманието на модната публика во моментите кога американската јавност му оддаваше почит на трагично загинатите.

Оваа година Викторија настапи многу похрабро од претходните. Претходните колекции 37-годишната дизајнерка ги прикажуваше со приватни презентации на кои лично го коментираше секој изглед. Сега, објаснувањата на Викторија беа заменети со гласна музика, а шоуто се одржа во градската библиотека.

Растегливите ткаенини, рамните обувки, капите, видливо истакнатите патенти, како и комбинациите на бои (портокалово-тегет) јасно покажаа дека г-ѓа Бекам промовира поспортски стил на облекување. Релаксираниот изглед на колекцијата пролет/лето 2012 Викторија го поддржа и со играта на формите и силуетите – може да се видат тесни, но исто така и прешироки креации.

Само неколку модели може да се вбројат во категоријата „вечерни тоалети“, но и тие беа во спортски стил.

Кај модните додатоци доминираа чантите, што е сосема очекувано ако го познавате стилот на Викторија. Обувките за ревијата беа интересни и впечатливи, а доаѓаат од рацете на Кристијан Лобутин.

Пред два дена Викторија го опиша својот метод на работење со зборовите „како жонглирање со стаклени топки“ и призна дека доаѓањето на свет на малата Харпер било благослов за колекцијата, затоа што тоа ја направило пофокусирана.

Колекцијата на Викторија Бекам Колекцијата на Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.