Почетна » Новости » Мода » Форбс: Жизел Бундхен ќе стане првиот модел милијардер

Форбс: Жизел Бундхен ќе стане првиот модел милијардер

Долгоногата манекенка Жизел Бундхен е на добар пат да стане првиот супермодел кој заработил милијарда долари, а воедно и првата милијардерка во Бразил којашто сама си го заработила своето богатство.

Форбс проценува дека 30-годишната манекенка ќе им се придружи на мега богаташите благодарение на нејзиниот изглед и чувството за водење бизнис.

ЖизелЖизел во долна облека од нејзината колекција Gisele Bündchen Brazilian Intimates

Освен што Жизел заработува како модел, таа има и свои брендови кои дополнително ги полнат нејзините банкарски сметки. Таа поседува линија за долна облека, линија за нега на кожата, а соработува со многу фирми за промоција на нивните производи.

Само во изминатата година Жизел има заработено 45 милиони долари, а според проценките на Форбс, во изминатата деценија таа заработила 250 милиони долари.

Па, не е далеку денот кога Жизел ќе може да прослави за првата милијарда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.