Почетна » Новости » Мода » Тропско лето: Новата колекција костими за капење на Ангела Младеноска и Занов

Тропско лето: Новата колекција костими за капење на Ангела Младеноска и Занов

Ангела Младеноска, која стои зад брендот Angie M., во соработка со дизајнерот Мите Занов создаде нова летна колекција.

Колекцијата насловена „Tropic - Jungle SS21“ се состои од егзотични костими за капење и модерна облека за на плажа.

Angie M. Angie M. Angie M.

„Посакајте му добредојде на новото тропско лето и новата Tropic - Jungle SS21 колекција. Експлозија на бои, микс на флора и фауна кои пленат со својата егзотична енергија. Песок, шуми, градини, острови, мориња и океани... сето ова е искористено како одлично избалансирана инспирација за новата колекција, со цел максимално да уживате во врелата летна сезона, но и во самите модели.“

„Жените сакаат да се чувствуваат женствено и заводливо, уживајќи под летните зраци на сонцето облечени во боите на тропските предели, колоритно, впечатливо, а пред сè комфорно. Во оваа SS21 колекција преовладува тропскиот момент, во кој исто така се испреплетува леопард принт, како и принтот кој асоцира на флората од овие предели. Дводелни костими и едноделни костими за капење, изработени да го исцртуваат женското тело, со интересни врвки кои додаваат посебна уникатност во изгледот, но и летни фустани кои го заокружуваат целосниот летен изглед за дневни и вечерни уживања покрај обала. А за оние кои ги следат светските трендови, подтотвивме и плетени костими за капење во кои ќе изгледате ултра модерно“ – изјави Ангела.

Angie M. Angie M.

Фотосесија е снимена во Глифада, Грција.

Angie M. Angie M. Angie M. Angie M. Angie M. Angie M. Angie M. Angie M.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11211 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.