Иако имаат на располагање милиони креации, неретко се случува две славни личности да изберат ист фустан за гламурозните свечености.
Алесандра Амбросио и Џорџина Родригез носеа идентичен проѕирен фустан од Роберто Кавали на црвениот тепих, но на различни настани.
На која ѝ стои подобро?

38-годишната Бразилка ја носеше креацијата од Кавали на премиерата на „Solo: A Star Wars Story“ на Канскиот филмски фестивал минатата година.



25-годишната вереница на Кристијано Роналдо ги истакна облините во овој фустан на гала на UNICEF во Сардинија минатата недела.


