Почетна » Новости » Мода » Српската прва дама Тамара Вучиќ отмена во кратка сребрена креација на ревија во Белград

Српската прва дама Тамара Вучиќ отмена во кратка сребрена креација на ревија во Белград

Тамара Вучиќ во улога на покровителка присуствуваше на ревијата „Јованка во боја“, која се одржа во Палатата Србија во Белград.

Српската прва дама одржа краток говор пред почетокот на модното шоу, на кое беа претставени креации инспирирани од ликот и делото на некогашната југословенска прва дама Јованка Броз.

Тамара Вучиќ

Говорејќи за сопругата на Јосип Броз-Тито, Тамара рече: „Секогаш во сенка на својот сопруг, умееше да ја претвори таа сенка во сцена паралелна на онаа на која неприкосновено владееше нејзиниот сопруг. Пленеше со својата појава, привлекувајќи внимание со широката насмевка и внимателно избраните комбинации. Тие комбинации секогаш беа изработени од висококвалитетни материјали, кои вечерва ќе ги видиме на сцената во ново руво. Фустанот кој и самата го носам настана од ткаенина која г-ѓа Броз ја добила најверојатно за време на посета на Египет.“

Сребрената креација, која Тамара ја искомбинира со елегантни салонки со блескави детали и едноставна брановидна фризура, е дело на Игор Тодоровиќ.

Тамара Вучиќ Тамара Вучиќ

На ревијата во рамките на Белградската модна недела, беа презентирани креации на 22 дизајнери од регионот, а од нашата држава со импресивни креации се претставија Лидија Георгиева и „Завар Дизајн“. По завршувањето на шоуто, гостите го насочија вниманието кон изложбата на аутфити и модни додатоци од гардеробата на Броз.

Тамара Вучиќ Тамара Вучиќ

Фото: Djordje Tomic

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11565 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.