Почетна » Новости » Мода » Лидија Георгиева со две импресивни креации на ревија посветена на Јованка Броз во Белград

Лидија Георгиева со две импресивни креации на ревија посветена на Јованка Броз во Белград

Ревијата „Јованка во боја“ обедини дизајнери од целиот регион во чест на Јованка Броз. Модното дефиле, кое е омаж на ликот и делото на југословенската прва дама, се одржа симболично на поранешниот Ден на републиката во Палатата Србија, а нашата држава ја претстави Лидија Георгиева.

„Голема чест и привилегија беше да се учествува на ваков настан. Самото место на одржување беше несекојдневно и импресивно, полно со измешани емоции за сите нас, и учесниците и публиката. Историскиот карактер и дизајн на овој центар на моќ, изграден од Тито, е и денес уредно сочуван, со огромни уметнички дела, слики, скулптури и декорација, па целосниот впечаток е навистина едно нуркање во минатото, на достоинствен начин и со почит“ – изјави Георгиева за Femina.mk.

Креаторите имаа комплексна задача да создадат уникатни аутфити сошиени од материјали кои г-ѓа Броз ги добивала на нејзините патувања со Јосип Броз-Тито.

Инспирирајќи се од концептот „Златен кафез“, Георгиева претстави две уникатни креации.

Јованка во боја Јованка во боја

„На ревијата имаше 40-тина дизајни, меѓу кои нашите беа доста забележани, добивме многу комплименти од сите страни. Изработени се од историски материјали кои биле сопственост на Јованка Броз. Едниот изглед е геометриски строго обмислена пелерина и пантолани од зелена шантунг свила. Другиот изглед е фустан од луксузен свилен брокат со историски референци од средината на минатиот век. Целокупниот дизајн е обмислен со концепт на Златен кафез, така што и двата изгледи се заокружени со уникатни модни додатоци изработени во соработка со Марта Наумовска Грнарова - Завар Дизајн. Со помош на нејзината инженерска и креативна енергија, им дадовме приказна на овие дизајни, кои беа забележани уште од самиот почеток. Ние таму настапивме како екипа од нашата земја и слободно можам да кажам, од името на двете, дека имавме историски егзотично и уникатно искуство. Модата е навигација меѓу минатото и иднината, а во овој случај спој на дизајнерски и инженерски вештини“ – детално опишува Георгиева.

Јованка во боја Јованка во боја

Покрај новите креации, на модното шоу беа прикажани и седум фустани од гардеробата на Броз, како и оригинална војничка униформа од 1944 година.

На отворањето на ревијата, Ненад Радујевиќ, основачот на Белградската недела на модата, рече: „Оваа ревија не е само за стилот на Јованка Броз, туку и за нејзиното влијание на модата, затоа што имаше значајно влијание на развојот на текстилната и модната индустрија во Југославија, воглавно поради зајакнувањето на жената во социјализмот. Затоа овој омаж на Јованка Броз е дел од нашиот јубилеј, бидејќи и таа е важен дел од нашата модна традиција на која е базиран успехот на Белградската недела на модата. Драго ми е што покажавме и како новото културно наследство може на сјаен начин да инспирира и поврзе уметници ширум регионот“.

Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја

По ревијата, гостите имаа можност да разгледаат оригинални тоалети и аксесоари на Јованка, изложени во салата „Југославија“.

Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја Јованка во боја

Фото: Djordje Tomic

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11967 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.