Почетна » Новости » Мода » Софија Вергара во летна кампања за нејзината најнова колекција очила

Софија Вергара во летна кампања за нејзината најнова колекција очила

Софија Вергара ја продлабочува соработката со брендот Foster Grant. 49-годишната актерка ја претстави својата најнова колекција од линијата Sofia Vergara x Foster Grant.

Впечатливата фотосесија за очилата за сонце и диоптриските очила била снимена во Лос Анџелес.

Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара

За дизајнирањето на очила, Вергара има споделено: „Кога наполнив 40, 41, 42 години, започнав да го губам видот. Тоа е нормално на мојата возраст. Одбивав да носам очила, зашто се чувствував стара. Си велев дека не ми се потребни.“

Ѕвездата од „Modern Family“ појасни дека син ѝ ја поттикнал да носи очила, затоа што ѝ укажал дека е подобро да носи очила одошто да подзамижува додека гледа и да го држи мобилниот телефон сè подалеку. Па, таа се впуштила во авантурата да дизајнира привлечни очила во кои нема да се чувствува „како баба“.

Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.