Почетна » Новости » Мода » Синди Крафорд и на 55 години покажува зошто го има статусот „супермодел“

Синди Крафорд и на 55 години покажува зошто го има статусот „супермодел“

Синди Крафорд се вбројува во најпрепознатливите лица на светот и е меѓу „оригиналните супермодели“ кои освојуваа во 90-тите години. Во долгогодишната кариера, таа има снимено илјадници фотосесии, но сè уште нејзината страст кон професијата не згаснува.

55-годишната модна ѕвезда владее на страниците на мајското издание на бразилскиот „Вог“.

Синди Крафорд Синди Крафорд

За црно-белиот едиторијал, Крафорд позираше пред фотографското дуо Луиџи + Јанго, а фотографиите наидоа на многу позитивни реакции.

Многу фанови со одушевување го коментираат нејзиниот изглед, особено поради фактот што таа е на средината на шестата деценија од животот.

Синди Крафорд Синди Крафорд Синди Крафорд Синди Крафорд Синди Крафорд Синди Крафорд

Додека Синди продолжува да остава трага во модниот свет, напоредно со неа, сопствена патека прави и нејзината ќерка Каја Гербер, која непрекинато привлекува ангажмани.

Синди Крафорд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.