Почетна » Новости » Мода » Синди Крафорд и на 54 години изгледа неверојатно, но признава: „Никогаш не можев да јадам сè што ќе посакам“

Синди Крафорд и на 54 години изгледа неверојатно, но признава: „Никогаш не можев да јадам сè што ќе посакам“

Синди Крафорд блеска на страниците на „Red Magazine“.

За мартовското издание на списанието, 54-годишниот супермодел позираше на плажа и измами комплименти за изгледот.

Синди Крафорд Синди Крафорд

Во интервјуто, Крафорд зборуваше за нејзините диети и тренинзи, како и за фотографирањето без облека и во костими за капење.

„Не ми се допаѓа зборот ‘диета’, но избирам да јадам добро. Никогаш не сум била една од оние личности кои можат да јадат што и да посакаат. Дури се нервирав кога Кејт Мос ќе јадеше хамбургер и помфрит и ќе пушеше цигара. Кога се преселив во Њујорк, знаев дека или ќе морам да го променам начинот на исхрана или нема да можам да се соберам во алиштата за проба.“

„Потоа, имав деца и сфатив дека моите тренинзи повеќе не можат да ме изморат, всушност ми требаше тренинг кој ќе ми даде енергија. Сега, мојата цел е да не се повредам. Затоа додадов повеќе вежби за растегнување и пилатес. Повеќе не сум обврзана да ги правам оние тешки тренинзи“ – вели таа за нејзиниот начин на живот.

Синди Крафорд Синди Крафорд

За разголените фотосесии, славниот модел вели:

„Сум направила многу разголени фотографии и фотографии во костими за капење, но оние за кои сум зажалила се оние пати во кои сум чувствувала притисок. Кога имав фотосесија за Playboy со Херб Риц се чувствував сосема удобно.“

„Но, имаше времиња кога чувствував дека немам право на глас. Рано во мојата кариера се фотографирав по костим за капење за Sports Illustrated, а жената која ја надгледуваше фотосесијата сакаше сè да контролира. Се сеќавам дека кога стигнавме во Тајланд ме натера да носам турбан за фотосесијата. Отворено ѝ реков дека мислам дека на момците кои го читаат списанието турбанот не им е секси, но нејзе не ѝ се допадна тоа. Завршив со мала фотографија во списанието“ – вели Синди.

Синди Крафорд

„Кога си млада, ја имаш убавината и силата на младоста, но си престрога кон себе, бидејќи сè уште не си работела на твојата внатрешност. Како што старееш, сфаќаш која си, но помислуваш: ‘Ова не е онаму каде што би требало да биде’. Претпоставувам дека несигурностите и мааните нè прават луѓе“ – додава таа.

Синди Крафорд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.