Почетна » Новости » Мода » Селена Гомез дизајнираше колекција костими за капење инспирирана од нејзината самодоверба и автентичност

Селена Гомез дизајнираше колекција костими за капење инспирирана од нејзината самодоверба и автентичност

Селена Гомез започна соработка со брендот La'Mariette.

28-годишната пејачка креираше колекција костими за капење која ја одразува нејзината самодоверба и автентичноста. Колекцијата вклучува шест модели со принтот „Аура“ инспириран од Гомез. Музичката ѕвезда самата ги претстави моделите во фотосесија.

Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез

„Принтот ‘Аура’ е инспириран од Селена, нејзината аура сјае низ сè што прави и сакавме сите да го почувствуваат тоа трансформациско чувство да се биде најавтентичната верзија од себеси. Самодовербата на Селена е неспоредлива, па вистинско задоволство е што можевме да создадеме принт кој го отсликува тоа“ – изјавил коосновачот на брендот.

„Она што го сакам кај овој бренд е тоа што ги слави жените кои безусловно ги сакаат нивните тела и си ја даваат милоста која ја заслужуваат. Се надевам дека ќе ви се допадне колку што ми се допадна мене“ – напиша Селена на Instagram.

Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.