Почетна » Новости » Мода » „Саудиската Вини Харлоу“: Девојка со витилиго ја освојува модната индустрија

„Саудиската Вини Харлоу“: Девојка со витилиго ја освојува модната индустрија

Вини Харлоу е инспирација за многу девојки со витилиго. Токму таа ја мотивираше Шахад Салман да посака да ги направи првите чекори го модниот свет.

Девојката од Мека сега самоуверено ги покажува белите дамки на кожата предизвикани од витилиго и смело се обидува да придонесе кон промена на стереотипите за убавина.

Шахад вели: „Многу е важно да ги предизвикуваме стереотипите, но важно е и да имаме самодоверба. Тоа е една од моите најсилни страни. Многу ми помогна тоа што знаев дека можам да бидам инспирација за другите луѓе. Тука сум бидејќи не се откажав. Знаев каде ми е судено да бидам“.

Шахад Салман

Шахад позираше со својот идол Вини Харлоу за фотосесија за арапскиот „Вог“ во 2019 година. „Претходно не се чувствував добро во своја кожа и не го сакав мојот изглед. Вини Харлоу ми ја даде самодовербата да се борам. Ти благодарам што ми помогна да ги остварам соништата. Сакајте се себеси без оглед на сè“ – вели Шахад за Харлоу.

Шахад Салман Шахад Салман

Денес, таа блеска во рекламни кампањи за познати брендови.

Шахад Салман Шахад Салман Шахад Салман Шахад Салман Шахад Салман Шахад Салман Шахад Салман Шахад Салман Шахад Салман Шахад Салман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.