Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вини Харлоу: Од исмејувана девојка поради дамките на кожата до модел на Victoria's Secret

Вини Харлоу: Од исмејувана девојка поради дамките на кожата до модел на Victoria's Secret

Понекогаш соништата навистина стануваат реалност. Синоќа, се исполни најубавиот сон на Вини Харлоу и таа стана првиот модел со витилиго во историјата на Victoria’s Secret.

24-годишната девојка самоуверено зачекори на модната писта на ревијата на брендот за долна облека, докажувајќи им на сите дека она што не нè убива, навистина нè прави посилни.

Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу

Вини, чие вистинско име е Шантел Браун-Јанг во минатото била исмејувана и навредувана поради белите дамки на нејзината кожа. Додека растела, таа била нарекува со погрдни зборови, но и покрај тоа, таа не дозволила да биде уништена нејзината самодоверба.

„Растењето беше екстремно тешко за мене. Ме задеваа и бев исмејувана заради мојата кожа. Ме нарекуваа крава, зебра, милки, наведете каква било навреда, јас ја добивав“ – изјавила таа во минатото.

Во еден момент таа и помислувала на самоубиство. „Не можев да го поднесам стресот. Но дали мојата кожа беше виновна за тоа? Не, туку мојот никаков став кон неа. Ако ја прифатев и започнев да се однесувам кон себе како што заслужувам, немаше да биде важно што велат другите затоа што ќе се сакав себеси... Па, токму тоа и го направив. Се сакав себеси и со тоа многу можности започнаа да паѓаат во мојот скут и му благодарам на Господ за тоа. Трудете се да се сакате себеси“ – рекла таа.

Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу

Вини е инспирација за многу девојки низ светот и е доказ дека упорноста секогаш се исплаќа.

Вини Харлоу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.