Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Ја нарекувале „крава“ и „зебра“, сега цели да стане топ модел

ФОТО: Ја нарекувале „крава“ и „зебра“, сега цели да стане топ модел

Шантел Браун-Јанг е амбициозна и инспиративна девојка со голема самодоверба, која е меѓу натпреварувачките во новата сезона на шоуто „America’s Next Top Model“.

19-годишната девојка од Торонто некогаш била навредувана и малтретирана поради својот изглед, но сега прави големи чекори во светот на модата. „Многу луѓе имаат приказна и минато, но моето е насликано на моето тело“ – вели Шантел, која страда од витилиго, заболување кое се карактеризира со бели дамки на кожата.

„Растењето беше екстремно тешко за мене. Ме задеваа и бев исмејувана заради мојата кожа. Ме нарекуваа крава, зебра, милки, наведете каква било навреда, јас ја добивав“ – рекла таа, дополнувајќи дека и оние кои ги нарекувала свои пријатели се приклучувале во исмејувањето.

Шантел Шантел Шантел Шантел

Во еден момент таа и помислувала на самоубиство. „Не можев да го поднесам стресот. Но дали мојата кожа беше виновна за тоа? Не, туку мојот никаков став кон неа. Ако ја прифатев и започнев да се однесувам кон себе како што заслужувам, немаше да биде важно што велат другите затоа што ќе се сакав себеси... Па, токму тоа и го направив. Се сакав себеси и со тоа многу можности започнаа да паѓаат во мојот скут и му благодарам на Господ за тоа. Трудете се да се сакате себеси“ – вели таа.

Шантел Шантел Шантел Шантел Шантел

Шантел придобива сѐ поголема поддршка и привлекува сѐ повеќе обожаватели, па ја очекува светла иднина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10604 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.