Роузи Хантингтон-Вајтли во моментов престојува во Венеција по повод Филмскиот фестивал кој се одржува таму.
38-годишната манекенка изгледаше како ангел на црвениот тепих пред премиерата на филмот „Frankenstein“. Всушност, убавата Англичанка е навикната на ангелскиот статус, бидејќи во минатото беше дел и од ангелите на Victoria’s Secret.



Фустанот со кристали во горниот дел од Armani Privé ѝ ги истакна стомачните мускули и одличната фигура која таа посветено ја одржува. Роузи го комплетираше својот изглед со накит од Tiffany & Co. и шминка од Armani.












