Почетна » Новости » Мода » Првата дама Елизабета Ѓоргиевска во креација од Лидија Георгиева на аудиенција кај Папата Франциск со претседателот Пендаровски

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска во креација од Лидија Георгиева на аудиенција кај Папата Франциск со претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска отпатуваа во Рим по повод чествувањето на Свети Кирил и Методиј, а за време на официјалната посета на Ватикан, имаа аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

Почитувајќи ги строгите протоколи за дрес-кодот, Првата дама носеше црн формален костим со долги ракави и вел со кој се покрива главатa, потпишани од истакнатата креаторка Лидија Георгиева.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

Македонската дизајнерка, која континуирано соработува со Ѓоргиевска за специјалните пригоди, подетално го опиша целиот изглед:

Костимот е збогатен со стилизиран вез инспириран од орнаментиката на старословенските ракописи, поточно елемент од Псалтир со последование, коj датира од 16-ти век. Со стремеж за продолжување на традицијата во спој со современ дизајн, врвната естетика и духовен мир кои ги зрачи одбраниот елемент, заедно со комплицираноста на дизајнот на мотивот, значат креативен предизвик, но и огромна почит кон културното наследство.

Како поддршка на локалното производство, повторно се работеше со домашни изведувачи, а за изработка на овој вез е користена компјутерска технологија.

Од посебно значење е и симболиката вметната во везот на велот, во кој е содржана реченицата „Зарем сонцето не нè грее сите“, испишана на глаголица. Ова е референца на настанот во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век папата Адријан Втори ги благословил азбуката и книгите напишани од светите браќа Кирил и Методиј. „Човече, кажи ни како си им ги создал на Словените книгите и ги учиш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту римскиот папа“? А ние знаеме само три јазика на кои е достојно во книгите да се слави Бог – еврејски, елински и латински“. Кирил на тоа им одговорил: „ Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво?“.

Лидија Георгиева

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

На средбата беа истакнати одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции. Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за продлабочување на односите со Светата Столица, во сите сфери од заеднички интерес и го истакна значењето на католичката заедница во нашата држава и нејзиниот придонес во нашето општество.

Папата го прими најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното Европско првенство.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

Видео

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11293 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.