Почетна » Новости » Мода » По стапките на мајка си: Ќерката на Џони Деп во новата кампања за култниот парфем Chanel No. 5

По стапките на мајка си: Ќерката на Џони Деп во новата кампања за култниот парфем Chanel No. 5

Лили-Роуз Деп ја доби својата втора кампања за Шанел. Следејќи ги стапките на мајка си, 17-годишната актерка и модел сними рекламна фотосесија за култниот парфем Chanel No. 5.

Славната ќерка на Џони Деп и Ванеса Паради во црна креација позираше пред објективот на фотографот Карим Садли.

Лили Роуз Лили Роуз

Лили-Роуз е единствената ќерка на Деп и Паради кои беа во врска од 1998 до 2012 година. Ванеса долги години му е муза на Карл Лагерфелд, креативниот директор на Шанел. Таа стана заштитно лице на француската модна куќа во 1990 година.

Ванеса Паради за Шанел (1990 година)Ванеса Паради за Шанел (1990 година)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.