Почетна » Новости » Мода » „Ова отсекогаш ми беше сон“: 21-годишна девојка со Даунов синдром на насловна на „Вог“

„Ова отсекогаш ми беше сон“: 21-годишна девојка со Даунов синдром на насловна на „Вог“

Ели Голдстејн пред три години стана ѕвезда во кампања на Гучи и оттогаш постојано нижи успеси во модниот свет.

21-годишната девојка со Даунов синдром сега доби насловна страница на „Вог“ и изјави дека тоа ѝ бил најголемиот сон.

„Сакам да продолжам со моделството и да му покажам на светот која сум. Мојата главна цел отсекогаш беше да се најдам на насловна на Вог. Отсекогаш го имав тој сон“ – изјавила таа.

Ели Голдстејн

Ели вели дека танцувањето ѝ е омилено хоби. „Апсолутно обожавам да танцувам. Кога сум на сцена се чувствувам моќно и сакам да ја гледам и слушам реакцијата на публиката. Тоа ме прави горда и среќна“ – признава таа.

Голдстејн е среќна што поставува добар пример за останатите лица со овој синдром. „Среќна сум што ме гледаат како модел за пример. Сакам да покажам дека можете да постигнете сè што сакате – никогаш не се откажувајте од вашите надежи, соништа и аспирации. Мојата попреченост никогаш не ме спречува“ – вели Ели.

Ели Голдстејн Ели Голдстејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11463 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.