Почетна » Новости » Мода » Новата колекција венчаници на Антонија Ристовска инспирирана од „Алиса во земјата на чудата“

Новата колекција венчаници на Антонија Ристовска инспирирана од „Алиса во земјата на чудата“

Најновата колекција венчаници од Антонија Ристовска Bride е инспирирана од главниот лик во бајката „Алиса во земјата на чудата“.

Алиса, која е епитом на љубопитноста, фантазијата, на магичниот свет кој можеме да го спознаеме доколку си дозволиме да сонуваме. Алиса, отворена кон нови можности и идеи. Алиса, која не се фокусира на реалниот свет, туку ита кон неистраженото и имагинарното. Алиса, која ја поседува силата и одлучноста да постигне сè што сака и да ја надмине секоја пречка која ќе биде исправена пред неа.

Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021

„Преку колекцијата, на тој начин и ги гледамe невестите на оваа сезона. После повеќе од година во голема неизвесност, одложување, откажување на венчавките од соништата, девојките се повторно подготвени да избегаат од реалноста и да се впуштат во својата бајка, одбележувајки го денот на својата венчавка. А моделите од колекцијата се бајковити, нежни, поинакви, креации кои ќе ве натераат да сонувате повторно“ – изјави Антонија.

Изработени од фина тантела, француски тул, високо квалитетен шифон и рачни изработки, секоја невеста може да се пронајде во некој од моделите, дали е тоа романтичен А крој, асиметричен модел или секси пенкало здолниште.

Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021

Како надополнување, Ристовска создаде и мини колекцијата пролет/лето 2021 со модели во свежи пролетни пастелни бои комбинирани со романтични цветни дезени. Сите креации се со лелеави кроеви, лесни за носење и наменети за настани од ден до ноќ, можеби и поинтимни настани на кои сакате да изгледате единствено.

Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021

Моден детаљ за секој модел е мека и нежна панделка која нè потсетува никогаш да не престанеме да сонуваме, да веруваме и дека ништо не е невозможно.

И како што ја именува Луис Карол неговата поема за Алиса, Животот е само еден сон. Отсонувајте ја вашата бајка во некоја прекрасна летна ноќ со луѓето кои ви значат најмногу.

Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021 Колекција Алиса 2021

Фотографија: Жарко Чулиќ
Модели: Јана Јосковска, Тамара Петковска (Моделс Ин)
Фризура: Hair House
Чевли: Nine West

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11236 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.