Почетна » Новости » Мода » „Ние сме луѓе покрај сè“: Ирина Шајк, Кендис Сванапул и Џоан Смолс во фотосесија за „Вог“ Грција

„Ние сме луѓе покрај сè“: Ирина Шајк, Кендис Сванапул и Џоан Смолс во фотосесија за „Вог“ Грција

Ирина Шајк, Кендис Сванапул и Џоан Смолс снимија нежна фотосесија за грчкиот „Вог“.

Трите супермодели со емоции позираа пред фотоапаратот на британскиот фотограф Рован Папие за декемвриското издание посветено на нашата колективна хуманост и моќта која сите ние ја имаме да правиме добри дела и да возвраќаме на добрината.

Годината која изминува несомнено го промени светот и нè промени сите нас. Во интервјуто за грчкото списание, трите модели зборуваа за важноста на активизмот во ваквите тешки времиња.

Ирина Шајк, Кендис Сванапул и Џоан Смолс

Ирина Шајк е волонтерка во „Food Bank For New York City“ и „RIVER FUND“, организации кои помагаат да се прехранат луѓето кои не можат да си дозволат храна.

Ирина Шајк, Кендис Сванапул и Џоан Смолс

Кендис волонтира во организацијата „Mothers2Mothers“ која помага за спречување на преносот на вирусот ХИВ од мајка на дете во Африка.

Ирина Шајк, Кендис Сванапул и Џоан Смолс

Џоан е поддржувач на движењето „Black Lives Matters“ и е коосновач на организацијата „Donate My Wage“.

„Го ценам тоа што се потенцира дека да бидеш човек значи да имаш сочувство, скромност и да го дадеш твоето време, твоето присуство и твоите ресурси за да го направиш овој свет малку подобар“ – вели таа.

Ирина Шајк, Кендис Сванапул и Џоан Смолс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.