Почетна » Новости » Мода » Модни фаворити од Mango во кои ќе посакате да ја започнете есента

Модни фаворити од Mango во кои ќе посакате да ја започнете есента

Ослободете простор во плакарот! Време е за подновување за глатко да влетате со стил во новата сезона.

Mango веќе ја претстави својата визија за модна есен. А еве што отскокнува со статус на „фаворит“:

Меки, комфорни џемпери

Има ли нешто попријатно за носење од мекичок и топол џемпер кога температурите ќе започнат да се движат кон нулата? Џемперите во неутрални или розови нијанси или со риги ја зачувуваат доминантната позиција.

FashionGroupЏемпер Mango FashionGroupЏемпер Mango

Крупни чизми со масивна гума

Удобни за чекорење со добра изолација од студениот асфалт, чизмите со масивна гума станаа „must-have“.

Секој аутфит придобива кул ефект, а нивната „груба“ надворешност е силен стимул за креативноста при нивно комбинирање.

FashionGroupЧизми Mango FashionGroupЧизми Mango

Шик сакоа

Во минатото сакоата се асоцираа со строг деловен изглед. Но, ако изминатите неколку модни сезони нè научија нешто, тоа е дека тие можат да бидат шик и да се комбинираат со сè – со штикли, патики или влечки, со долги панталони, шорцеви или хеланки, со кошула или краток топ...

Како никогаш досега, урбаните дами го возвишуваат сакото, а Mango ни го нуди во различни варијанти.

FashionGroupСако Mango FashionGroupСако Mango

Зелена опсесија

Новата есенска колоритна палета има еден вистински победник – зелената боја. Прошарајте со поглед низ актуелната модна понуда и веднаш ќе се уверите во тоа.

Зелената внесува свежина и позитивна енергија и со тоа освојува сè повеќе фанови.

FashionGroupЗдолниште Mango FashionGroupТренерки Mango FashionGroupКошула Mango

Капути класика

Кога инвестирате во поскапо модно парче, идејата е да ви остане во плакарот долго време и да биде еден вид „класика“.

Новите капути на Mango се поклопуваат со тоа сфаќање. Црно палто или карамелов капут никогаш нема да излезат од мода и ќе се навраќате на нив во континуитет.

FashionGroupКапут Mango FashionGroupКапут Mango

Моќни костуми

Во ек е „големото враќање во канцеларија“ по крајот на летото и завршувањето на работењето од дома наметнато од корона-кризата. Па, дотерувањето повторно ни станува приоритетна активност.

Тенденциите нè насочуваат кон костуми како екстензија на нашиот професионален имиџ и моќта.

FashionGroupСако Mango/Панталони Mango

Многу повеќе стилски предлози ќе пронајдете на онлајн продавницата на FashionGroup.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11960 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.