Почетна » Новости » Мода » Модна магија: Футуристички фустан со 40 летечки пеперутки од турски дизајнерки

Модна магија: Футуристички фустан со 40 летечки пеперутки од турски дизајнерки

Сестрите Езра и Туба Четин ја одведоа својата креативност и иновативност на едно повисоко ниво. Турските дизајнерки создадоа фустан украсен со 40 вештачки пеперутки кои всушност можат да летаат.

Талентираното дуо соработуваше со американската компанија „Интел“ и со здружени сили го создадоа футуристичкиот фустан наречен „The Butterfly Dress“.

Пеперутките се движат на сензори и се вклучуваат секојпат кога се приближува друга личност или се активираат преку мобилен телефон. „Тоа е интелигентен фустан и е украсен со околу 40 пеперутки. Во фустанот е вграден сензор за близина, кој им овозможува на пеперутките да реагираат на надворешните стимулации“ – изјавила Езра.

The Butterfly Dress

„Сакаме да си поигруваме со материјали, дизајни, бои, движења и естетика, но иднината на облеката за која знаеме, ќе се промени. За да се биде дел од таквата промена, потребна е технологија“ – додала Туба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.