Почетна » Новости » Мода » Модел повикува модната индустрија да престане да го користи терминот „plus-size“

Модел повикува модната индустрија да престане да го користи терминот „plus-size“

Стефанија Ферарио не се смета себеси за крупен (plus-size) модел, но модната индустрија не го дели нејзиното мислење.

21-годишната Австралијка често е нарекувана „plus-size“ модел во модните кампањи, иако носи конфекциски број 36. Неодамна таа објави фотографија на која позира само по гаќички, а на стомакот ѝ пишува „Јас сум модел.“, со која цели да предизвика промени во стандардите за убавина.

Таа започна кампања на социјалните мрежи со која ги поттикнува луѓето да ги гледаат моделите како модели, а жените како жени, без оглед на нивната големина и бара од модната индустрија да прекине да го користи терминот „plus-size“.

Стефанија Ферарио

„Јас сум модел ТОЧКА. За жал, во модната индустрија сте сметани за plus-size ако носите облека со конфекциски број поголем од 32 (US 4)... Ајде да имаме модели од СИТЕ форми, големини и етнички групи и да ги отфрлиме подведувачките етикети. Јас НЕ СУМ горда што сум нарекувана „plus“, но СУМ горда што сум нарекувана „модел“, бидејќи тоа е мојата професија!“ – пишува Стефанија.

Стефанија Ферарио

Нејзиниот коментар беше реакција на објавата на Аџеј Рочестер, која го нападна модниот бренд кој ја етикетираше Лаура Велс како крупен модел.

„Како е можно оваа жена да биде сметана за plus-size? Имате ли претстава каква штета правите во умовите на младите девојки само со користењето на тие зборови на фотографија како што е оваа? Каде има ПЛУС тука? Да беше уште малку послаба таа ќе беше МИНУС. Сериозно, ова е смешно и штетно!“ – напиша Аџеј поставувајќи ја на својот профил фотографијата од Лаура.

Лаура ВелсЛаура Велс која се смета за „plus-size“ модел

„Самодовербата е најсекси. Не дозволувајте општеството да ви диктира што е убаво, ценете го она што ве разликува од другите“ – пишува Стефанија на Twitter.

Стефанија Ферарио Стефанија Ферарио

Многумина сметаат дека моделите кои брендовите ги ангажираат за промовирање на своите „plus-size“ колекции се со нормална тежина и нормален изглед и дека со самото тоа што се нарекувани „plus“ се испраќа погрешна порака до жените и младите девојки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.