На свечена церемонија во Лас Вегас, беа доделени музичките награди на Billboard. Манифестацијата беше водена од Кели Кларксон, а како најголем победник на вечерта се истакна Дрејк.
Славниот музичар освои 12 статуетки, со што постигна рекорд со вкупно 27 освоени награди. Меѓу категориите во кои победи се Топ изведувач, Топ машки изведувач и Топ рап изведувач.
На црвениот тепих можеа да се видат многу повеќе стилски промашувања одошто модни погодоци. Погледнете како изгледаа гостите и оценете го нивниот стил:
Церемонијата не ја прескокнаа и браќата Џонас, Малума, Џастин Хартли, BTS...


























