Меланија Трамп блескаше со беспрекорен стајлинг на свечената вечера во Белата куќа во чест на престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.
Првата дама на САД изгледаше раскошно и отмено во смарагдно-зелена креација на Ели Сааб. Нејзиниот стајлинг воопшто не беше случаен. Длабоката зелена нијанса алудираше на боите на саудиското знаме, додавајќи дипломатска суптилност на нејзиниот моден израз.
Доналд Трамп со најголеми почести го прими Мохамед бин Салман иако неговата посета е контроверзна поради убиството на Џамал Кашоги и инволвираноста на Саудиска Арабија во терористичките напади на 11 септември 2001 година.
Американскиот претседател со гордост соопшти дека Мохамед бин Салман ветил да инвестира 1 трилион долари во САД.
