Почетна » Новости » Мода » Македонскиот дизајнер Папаз со изложба во Битола ја одбележа 10-годишнината од кариерата

Македонскиот дизајнер Папаз со изложба во Битола ја одбележа 10-годишнината од кариерата

Андреј Папаз Ѓоргиевски прослави 10 години од својата кариера. Младиот македонски дизајнер со изложба во родната Битола го одбележа овој јубилеј.

Во Фоајето на Центарот за култура во Битола беа изложени креации од трите негови модни колекции „Враќање на антихеројот“, „Подем на гревот“ и „З“, како и дел од театарските костими кои тој ги има креирано низ годините работа како костимограф.

Изложба на Андреј Папаз

Папаз своето високо образование и постдипломски студии ги заврши на Универзитетот ФОН, на факултетот за Дизајн и мултимедија. Негов професор и ментор беше реномираниот дизајнер Александар Ношпал, којшто беше специјален гостин на изложбата и одржа говор.

Изложба на Андреј Папаз

Јавноста за првпат се запознава со работата на Папаз во 2010 година, кога тој претстави своја креација на групна ревија во рамките на „Моден викенд Скопје“.

Неговиот професионален ангажман продолжува и како костимограф. Тој за прв пат изработува костимографија за претставата „Љубовта е демоде” во режија на Софија Ристевска Спасовски во 2012 година. Оттогаш, неговиот опус опфаќа бројни костимографии во областа на театарот, телевизијата и естрадата.

Изложба на Андреј ПапазМаја Андоновска Илијевски со Андреј Папаз и Александар Ношпал во нивна заедничка креација Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј ПапазМаја Андоновска Илијевски со креацијата во која блесна на „Браќа Манаки“ минатата година Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз

Првата колекција е насловена како „Враќање на антихеројот” со која за прв пат Андреј го претставува својот моден бренд „Папаз“ на „Моден викенд Скопје” во 2016 година.

„Истражувајќи ја универзалната дефиниција на антихеројот, поставувајќи ги параметрите по кои ќе се движи оваа колекција, создадов бела празна соба, а во неа Мадеја, антихеројот кој чека да се врати назад. Оваа колекција отсликува силуета која на директен начин сугерира на борбеност, решителност, самодоверба, спротивставеност и длабока болка прекриена со превезот на храброста или лудоста. Совршениот лик за колекцијата е секоја несовршена личност која се спротивставува на толпата“ – вели Папаз.

Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз

Неговата втора колекција „Подем на гревот” е претставена на „Моден викенд Скопје” во 2017 година. „Централното место во колекцијата ја зазема приказната за Содома и Гомора, два библиски града, синоними за грев, блуд и разврат. Колекцијата „Подем на гревот“, сугерира со нагласена сексапилност, инспирирана од човековата сексуалност и хедонизам. Силуетата во исто време e провокативна и елегантна, употребени се повеќе видови на еко кожа, свилен жоржет, штоф и чоја. Земајќи предвид каде се смета дека Содомa и Гомора се наоѓале териториски, деталите се преземени од традиционалната облека од Блискиот Исток“ – објаснува Ѓоргиевски.

Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз

Третата колекција, насловена како „3” е пласирана во 2019 година. „Оваа колекција претставува симбиоза на стилови од западни и источни култури, претопени во модна силуета адаптирана на нашето поднебје. Изобилува со елеганција и носливост, вбројува блузони и капути со кимоно и ранглан ракави, здолништа и панталони во широк крој и вечерни фустани“ – изјави Папаз при промоцијата на колекцијата минатата година.

Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз

На изложбата се претставени и мал дел од костимите за театарската претстава „Кралски игри” во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

„Една од најзначајните проекти во мојата досегашна работа е претставата „Кралски игри“, која беше поставена на сцената на Битолскиот Народен Театар во 2016 година. За мене тоа беше еден од поголемите креативни костимографски предизвици. Целата костимографска замисла е создавање на прочистена силуета која во себе содржи ознаки, карактеристични за XVIII век во Англија. Приказната за Хенри XIII и Ана Болејн е сликовито претставена преку внимателно одбраниот колорит и прочистените форми“ – вели Андреј.

Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз

Изложбата е насловена „Помеѓу модата и театарот“, а креациите ќе бидат изложени во Центарот за култура до крајот на викендот.

Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз Изложба на Андреј Папаз

Фотографии: Ивона Кочов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.