Даниела, која себеси се опишува како „Колумбијка со мексиканско срце“, плени на Instagram со летни комбинации базирани на женственост и бохо романтика.
За својот личен стил, модерната девојка вели: „Со тоа што сум блогерка, во тек сум со трендовите, па секогаш испробувам нови нешта, но обожавам летна облека, фустани и бохо изглед.“
Иако најголем дел од времето го минува во сончевиот Мајами, Даниела редовно патува на популарни туристички локации.

































































