Почетна » Новости » Мода » Контроверзна фотосесија: стандардна манекенка позира со „plus-size“ модел

Контроверзна фотосесија: стандардна манекенка позира со „plus-size“ модел

Списанието „PLUS Model Magazine“ направи контроверзна фотосесија во која „plus-size“ модел позира заедно со модел од модните писти. 28-годишната Катја Жаркова позира гола, а на некои од фотографиите прегрнува значително послаб модел чие лице е сокриено.

Катја Жаркова

Секоја од фотографиите вклучува и контроверзни статистички податоци како:

  • Пред 20 години просечниот модел тежеше 8% помалку од просечната жена. Денес, просечниот модел тежи 23% помалку.
  • Повеќето манекенки имаат BMI (индекс на телесна маса) што ги исполнува физичките критериуми за анорексија.
Катја Жаркова

Идејата на списанието била да им покаже на жените дека не е потребно да бидат слаби за да го ценат своето тело и дека слабото тело не значи здравје. „Бомбардирани сме со реклами за слабеење секој ден, по неколку пати дневно, затоа што тоа е мултимилијардерска индустрија која се храни од стравот да бидеме дебели. Не секој треба да биде слаб, нашите тела се убави и тука не зборуваме за здравје, затоа што не секоја слаба личност е здрава“ – пишува во текстот.

Катја Жаркова

Но, ваквите шокантни податоци на списанието веднаш наидоа на критики. Списанието тврди дека пред 20 години просечниот модел тежел 8% помалку од просечната жена, а денес тежи 23%, но нема наведено колку тежела просечната жена пред 20 години и колку тежи денес.

Катја Жаркова

Дополнително, критичарите велат дека анорексијата е и умствена болест и дека критериумите за анорексија се многу повеќе од само низок индекс на телесна маса.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9470 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.