Почетна » Новости » Мода » Колекции Guess by Marciano и Guess Jeans – пролет/лето 2014

Колекции Guess by Marciano и Guess Jeans – пролет/лето 2014

Американскиот бренд Guess ќе ве инспирира да започнете да размислувате за модни комбинации за пролетните и летни денови со новите колекции Guess by Marciano и Guess Jeans.

За претстојната сончева сезона, линијата Marciano предлага сензуална и свежа колекција која плени со современи елементи и лелеави креации. Не е заборавена ултра модерната црно-бела комбинација, но погледот го заведуваат и неодоливите пастелни нијанси.

Дел од колекцијата црпи инспирација од Карибите и одушевува со тропски принтови и егзотични бои.

Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess

Во кампањата за новата колекција ѕвезди се Клара Алонсо и Хедер Деприст.

Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess

Колекцијата на Guess Jeans за сезоната пролет/лето 2014 става акцент на комбинациите на материјали и елементи инспирирани од рок музиката.

Присутни се стреч материјалите, а дел од јакните и модните додатоци се изработени од превртена кожа. Одлика на колекцијата е ласерски изработен вез во комбинација со светол или бел џинс, а особено забележливи се блескавите детали. Пролетните модели доаѓаат во црно-бела комбинација, додека пак кај летните се забележуваат шармантните розови и сини пастелни нијанси.

Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess Колекции Guess

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11215 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.