Почетна » Новости » Мода » Кендис од Victoria’s Secret: Kако да изгледате најдобро на фотографија

Кендис од Victoria’s Secret: Kако да изгледате најдобро на фотографија

Кендис Сванапул изгледа фантастично на секоја фотографија. Убавиот ангел на Victoria’s Secret нема проблеми со позирањето, затоа што знае што да истакне пред објективот. 23-годишната русокоса сподели 5 совети кои ќе ви помогнат да изгледате прекрасно на вашите фотографии:

Кендис Сванапул Кендис Сванапул
  1. Истакнете го вашето најдобро лице. Вистина е дека сите имаме поубава страна од лицето (за некои тоа е левата, за други десната страна). Разгледајте неколку ваши фотографии и одлучете на која изгледате најдобро. Наредниот пат кога ќе застанете за сликање, насмевнете се и поставете ја таа страна пред фотоапаратот.
  2. Издолжете го телото. Колковите елегантно придвижете ги на едната страна и застанете исправени. Истакнувањето на едниот колк ќе ви овозможи да го избегнете директното „соочување“ со објективот и вашето тело ќе изгледа поженствено.
  3. Истакнете ги градите, но не претерувајте. Не се срамете да ја покажете вашата фигура.
  4. Кога седите на стол, седнете најнапред на седиштето. Покажете ја вашата фигура, не исчезнувајте во столот. Седнете на работ на седиштето и насмевнете се широко.
  5. Покажете ги обувките. Не ги држете двете нозе една до друга. Едната нога ставете ја малку понапред и свртете го стапалото настрана, така што да ја покажувате едната обувка од внатрешната страна. Тоа ги издолжува нозете.
Кендис Сванапул

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.