Почетна » Новости » Мода » Каква мајка, таква ќерка: Хајди Клум со 16-годишната Лени на насловната на „Вог“ Германија

Каква мајка, таква ќерка: Хајди Клум со 16-годишната Лени на насловната на „Вог“ Германија

Ќерката на Хајди Клум тргна по стапките на својата славна мајка. 16-годишната Лени заедно со 47-годишниот супермодел сними моден едиторијал за „Вог“ Германија.

На насловната страница, познатата Германка ја бакнува ќерка си во образ. И двете се облечени во складни аутфити.

Хајди Клум и Лени
Хајди Клум и Лени

Клум изјави дека многу се гордее со својата ќерка. „Многу сум горда на тебе. Не поради тоа што го избра овој пат. Знам дека без разлика по кој пат ќе тргнеш, тоа ќе биде твој пат. Секогаш знаеш што точно сакаш и што не сакаш. Ти не си моја мини копија. Среќна сум за тебе што сега ќе можеш да ни покажеш точно која си“ – ѝ рекла познатата манекенка.

„Знам дека не е лесно да бидеш моја ќерка. Никогаш немаше можност да растеш ‘нормално’. Но, што е нормално? Веројатно не е ни тоа да растеш со три различни татковци“ - рекла Хајди.

Лени е дете на Хајди од врската со Флавио Бријаторе, а потоа беше посвоена од вториот сопруг на Клум, музичарот Сил.

Моментално, Хајди е во брак со 31-годишниот Том Каулиц.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11092 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.