Почетна » Новости » Мода » Женственост и префинетост: Рами Кади ги освојува дамите со новата колекција висока мода

Женственост и префинетост: Рами Кади ги освојува дамите со новата колекција висока мода

Сонувајќи за еден подобар свет, Рами Кади ја создаде својата нова колекција висока мода за сезоната есен/зима 2021.

Познатиот либански дизајнер ја презентираше оптимистичката колекција „Dessiner Le Vide“ со фотосесија и видео. Дваесет впечатливи креации им ги привлекуваат љубопитните погледи на дамите кои копнеат за женственост и елеганција.

Сакајќи да ја остави зад себе силната експлозија која го потресе Бејрут, Рами ни претставува еден нов свет полн со оптимизам и ветување за подобри времиња.

Фотосесијата се снимала во хотелот „The Grand Sofar“ изграден во 1892 година, а бил оштетен од експлозијата.

Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади

„Заспавме во свет полн со живот, надеж и соништа, а се разбудивме во крвав свет лишен од сигурност, радост и мир на умот. На 4 август 2020 година, масивна експлозија го уништи Бејрут, празнејќи го од последниот здив на живот за кој се држеше против ужасната пандемија која ни го промени животот и силно влошената локална економија.“

„Празнотијата создадена од тие настани го инспирираше либанско-американскиот дизајнер Рами Кади да создаде нов свет надвор од празнотијата и да го наслика со ветувачка перспектива“ – пишува во описот на колекцијата.

Сјајот на кристалите на секоја од креациите создава чувство на оптимизам и можности.

Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади Рами Кади

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.