Почетна » Новости » Мода » Ексцентричната модна икона Ајрис Апфел го прослави својот 100-ти роденден и сподели фотографија

Ексцентричната модна икона Ајрис Апфел го прослави својот 100-ти роденден и сподели фотографија

Ајрис Апфел наполни 100 години!

Препознатливата модна икона со ексцентричен стил сподели фотографија на Instagram и во описот напиша: „Не секој ден полниш 100 години... Нека започнат прославите“.

Апфел е позната по волуменозните кружни очила, смелата смисла за мода, изостреното чувство за комбинирање на различните принтови и желбата за забава.

Ајрис Апфел

„Сметам дека модата и стилот немаат никаква врска со годините... Секоја возраст на некој начин има своја убавина. Кога си млада, можеш повеќе да го покажуваш твоето тело. Но, како што старееш, не можеш да се бориш со гравитацијата. Можеш да направиш лифтинг на лицето ако сакаш, но ако имаш 80 години, никој нема да помисли дека имаш 32. Тоа е смешно“ - вели таа.

Ајрис Апфел Ајрис Апфел

Апфел поседува дарба за наоѓање ретки и уникатни предмети кои ги инкорпорира во неповторливи ентериери и со кои ја збогатува својата огромна колекција на накит и модни додатоци.

Ајрис многу патувала низ светот со својот сопруг и купувала модни додатоци и облека кои се далеку поразлични од оние кои биле карактеристични за Западот. Истите таа ги носела на свечените прослави каде оставала голем впечаток.

Колоритна облека од продавници за втора употреба, алишта со традиционални мотиви од различни земји низ светот, белегзии карактеристични за племиња, па дури и ѓердани направени за коњи и слонови – сето ова склопено со стил во препознатливите стајлинзи на Апфел поради кои таа трајно се смести меѓу модните икони.

Ајрис Апфел Ајрис Апфел Ајрис Апфел Ајрис Апфел

Честитките до Ајрис пристигаат во најразлични форми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.