Викторија Бекам обожава да носи костуми, честопати со широк крој. Популарната дизајнерка привлекуваше погледи низ улиците на Лондон со шик стајлинг кој вклучуваше зелен костум од нејзиното ателје, бела кошула и очила за сонце од Céline.
 
 
44-годишната поранешна пејачка беше фотографирана додека се упатуваше кон ресторанот „Scott's“, во кој ја дизајнираше летната тераса.
Викторија не пропушти и да го посети сопствениот бутик во британската метропола.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Викторија беше фотографирана во колоритно издание за време на ручек во ресторанот со кој започна соработка.
 
 
 
		 

 
 
 
 
