Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Тајната колекција на Том Форд – есен/зима 2011

ВИДЕО: Тајната колекција на Том Форд – есен/зима 2011

Благодарение на електронските медиуми, добиваме можност да ги погледнеме најновите колекции на дизајнерите само неколку часа или дена по нивното покажување во јавност. Но, тоа не е случај и со колекциите на Том Форд.

Исто како претходната колекција, и колекцијата есен/зима на Том Форд беше прикажана на тајна модна ревија. Одржана уште во февруари, ревијата беше дел од Лондонската недела на модата, а на неа присуствуваа само мал број модни уредници, стилисти и новинари кои потпишаа договор со кој им беше забрането да објавуваат какви и да било детали за колекцијата до почетокот на летото.

Сега, 49-годишниот дизајнер реши да ни ја открие колекцијата преку видео-каталог. Доследен на својот стил, Форд направи уште една ултра женствена и луксузна колекција, во која преовладуваат префинети материјали, чипка и крзно во бои на скапоцени камења.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.