Почетна » Новости » Мода » „Веројатно нештата не стојат онаму каде што беа пред да родам, но тоа е ОК“: Роузи Хантингтон-Вајтли топлес за „Elle“

„Веројатно нештата не стојат онаму каде што беа пред да родам, но тоа е ОК“: Роузи Хантингтон-Вајтли топлес за „Elle“

Роузи Хантингтон-Вајтли го разголи своето тело во фотосесија за британскиот „Elle“.

На страниците на популарното списание, 33-годишниот модел позира топлес и без облека, покажувајќи ја својата атрактивна фигура. Во интервјуто, поранешниот модел на Victoria’s Secret зборуваше да стареењето и животот во пандемија.

Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли

Запрашана кој е нејзиниот став за стареењето, таа рекла:

„Како некој кој изградил многу, ако не и сè, во бизнисот изгледајќи на одреден начин, можеби ќе дојде време кога мојот одговор ќе биде различен. Но, сега имам 33 години и започнувам да гледам мали линии и веројатно нештата не стојат онаму каде што беа пред да родам бебе, но тоа за мене е ОК. Се познавам себеси и како што стареам, ќе ја оттурнувам секоја идеја дека би требало да изгледам на одреден начин“.

Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли

За животот во пандемија, Роузи рекла:

„Има многу јавни личности кои зборуваат како сите сме заедно во ова. Да, можеби ги искусуваме истите околности, но вие сте во резиденција во Беверли Хилс со базен и приватни тутори, а очекувате некој во стан под наем, кој се соочува со сиромаштија да верува дека сме во ова заедно?!“.

Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли

За начинот на кој таа се справува со пандемијата, рекла:

„Треба само да се заклучиш во бањата или да си наполниш голема чаша вино на крајот од вечерта. Така стојат нештата. Тоа е реално и тоа е живот, а јас нема да го прикривам тоа.“

Роузи Хантингтон-Вајтли Роузи Хантингтон-Вајтли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.