Почетна » Новости » Мода » „Spectrum“: Новата модна колекција на македонскиот дизајнер Мите Занов

„Spectrum“: Новата модна колекција на македонскиот дизајнер Мите Занов

Мите Занов со фотосесија ја презенитираше својата најнова модна колекција.

Македонскиот дизајнер вели дека „SPECTRUM” е колекција во која се раскажува приказна за еден од основните ликовни елементи - бојата.

„Бојата е видлива, восприемлива способност, која е резултат на интеракцијата на светлинскиот спектар со светлоприемниците во окото. Сите добро го знаеме феноменот од физиката, дека кога удира светлина во стаклена призма, јасно ги забележуваме боите од спектарот.“

„Спектарот и боите во оваа колекција, не ја претставуваат само теоријата на боите, туку имаат и подлабоко значење. Секоја боја е различна од претходната, без разлика дали е микс од две други бои од спектарот или не. Исто како и секоја индивидуа на овој свет. Сите сме различни, сите зрачиме со различна светлина, сите сме различна боја и тоа е тоа што не прави посебни. А од тука доаѓаат и клучните зборови кои ја карактеризираат оваа колекција, боја, светлина и транспарентност.Имајќи ги овие зборови како водечки, се создадоа 10 изгледи, монохроматски решени, односно секој изглед е во една боја од глава до пети“ – стои во описот на колекцијата на Занов.

Колекција Spectrum Колекција Spectrum

„Првиот модел го претставува недостатокот на боја, или светлината и затоа е претставен во транспарентен материјал, рачно доработен со стаклени кристали, претставувајќи ја стаклената призма. Последователно се појавуваат сите бои од спектарот, црвена, портокалова, жолта…за колекцијата да заврши со модел во црна боја, претставувајќи ја темнината или збирот на сите бои заедно“ – стои во продолжение.

Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum

Материјалите во колекцијата се летни и лесни, внимателно одбрани, од кои преовладуваат транспарентни материјали како растеглив тул и шармез, но застапени се и памучни материјали, жерсе, свила и жоржет.

Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum Колекција Spectrum

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11207 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.